/ Прочитано:

1.721

СУДИИТЕ И НОТАРИТЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Приговор против решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа“

Вторник, 10 март 2015 – Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев денеска во своите простории организира советување на тема: „Приговор против решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа/ приговор против платен налог“.

Советувањето е наменето за судии на граѓанските оддели на судовите од апелационите подрачја Скопје и Гостивар и нотари.

Излагања на темата ќе имаат: Зорица Пулејкова, претседател на Нотарската комора на Република Македонија и  Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Постапка пред нотар по предлог за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа и
  • Постапка по проговор против решенија на нотар пред првостепениот суд и судска пракса.