/ Прочитано:

661

СУДИИТЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“

Среда, 27 мај 2015 – Во согласност со Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска одржува советување на тема: „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја и за претставници од Комисијата за заштита од дискриминација.  

Во рамките на советувањето свое излагање имаат: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје 2 и д-р Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Темите опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Компаративен осврт на меѓународната судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација, искуството на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европска Унија и
  • Националната судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација.