/ Прочитано:

1.309

Судскиот совет усвои Правилник за поведување и утврдување на трајно губење на способноста за вршење на судиска функција

Членовите на Судскиот совет утврдија престанок на функцијата на судии поротници во основниот суд во Велес, во Струмица и во Штип по предлог на претседателите на судовите, а потоа донесоа и одлука за избор на судии поротници во истите судови.

Седница на Судски совет

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница го усвои Правилникот за поведување и утврдување на трајно губење на способноста за вршење на судиска функција.

Членовите на Судскиот совет утврдија престанок на функцијата на судии поротници во основниот суд во Велес, во Струмица и во Штип по предлог на претседателите на судовите, а потоа донесоа и одлука за избор на судии поротници во истите судови.

На денешната седница донесено е и решение за престанок на судиска функција на Видое Тасевски, судија на Основен суд Куманово, поради навршени 64 години.