/ Прочитано:

1.320

Теренската проверка на Избирачкиот список треба да започне до крајот на неделава

Теренската проверка ќе се врши на 100 436 граѓани, а за тоа ќе бидат задолжени 374 овластени анкетари, најголем број од Заводот за статистика. Според најавите на ДИК, теренската проверка треба да започне до крајот на неделава, кога ќе биде добиен и конечниот список на граѓани чии податоци треба да се проверат.

Беџ за овластен анкетар

Со беџ на кој пишува овластен анкетар, 374 лица ќе ја спроведуваат теренската проверка на Избирачкиот список. За таа цел, Државната изборна комисија ќе спроведува и кампања под наслов „Отворени врати“ преку која ќе ги едуцираат граѓаните да соработуваат со овластените анкетари.

Теренската проверка ќе се врши на 100 436 граѓани, а за тоа ќе бидат задолжени 374 овластени анкетари, најголем број од Заводот за статистика. Според најавите на ДИК, теренската проверка треба да започне до крајот на неделава, кога ќе биде добиен и конечниот список на граѓани чии податоци треба да се проверат.

Во целиот процес ДИК ќе биде контролор, а претставниците на четирите најголеми партии ќе можат да учествуваат само како набљудувачи, без право да се мешаат.

Доколку во моментот на посета не го најдат дома лицето што треба да биде проверено, анкетарите имаат право кај неговото семејство или кај соседите да најават кој ден ќе дојдат повторно. Доколку и вториот пат не биде во својот дом, ќе му остават порака да отиде во подрачната единица на ДИК и таму да ја направат проверката.

Од ДИК нагласуваат дека не се предвидени казни за оние што нема да бидат проверени со теренската проверка или, пак, ќе одбијат да соработуваат.