/ Прочитано:

792

„Транспаренси интернешнл“ го оспори пред Уставен одземањето на пасошите на депортирани граѓани

Вторник, 16 јули 2013 – Транспаренси Интернешнал поднесе иницијатива пред Уставниот Суд  со која се бара судот да ја испита уставноста на на дел од Законот за патни исправи според кој службените лица на граничните премини им ги одземаат пасошите на македонските државјани депортирани од други земји, каде што им било одбиено барањето за азил.

„Иницијативата ја поднесовме откако беа разгледани повеќе пријави од граѓани со сомнеж за селективно спроведување на законската одредба од страна на службени лица на гранични премини на Република Македонија. Според Уставот на Република Македонија граѓаните можат слободно да ја напуштат и да се вратат на територијата на државата. Одземањето на патните исправи поради тоа што граѓанинот бил депортиран од странска држава не може да биде оправдано со Уставот“ – велат од Транспаренси Интернешнал.

Според нив, со оваа одредба се врши повреда на основните граѓански и политички слободи и права и слободи утврдени и гарантирани со Уставот на Македонија.