/ Прочитано:

767

ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ: Обвинителот Вилијамсон ќе истражува на Косово – „Ќе соработуваме во име на правдата“, велат косовските власти

Понеделник, 21 јули 2014 – Американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон, кој ќе ги истрaжува тврдењата на Дик Марти за тргoвија на органи за време на косовската војна, извршени од ОВК, денеска допатува во Приштина.

Првата средба тој веќе ја оствари со претседателката Атифете Јахјага, а средба следи и со косовскиот премиер во заминување, Хашим Тачи.

Косовскиот претседател Атифете Јахјага денеска на  шефот на специјалниот тим за истрагата на наводите за трговијата со органи Клинт Вилијамсон му порача дека Косово е подготвено да ги исполни своите обврски со цел истрагата конечно да заврши.

Во  соопштението од кабинетот на Јахјага се наведува дека таа на Вилијамсон му кажала дека косовските институции се ангажирани да соработуваат со Специјалната единица за истрагата за да се засилат редот и законот и да се исполнат обврските на Косово кон меѓународната правда.

Јахјага изјавила дека Собранието на Косово го поддржа формирањето на Специјалниот суд и дека во моментот на консолидирање на косовските институции ќе го спроведе ратификуваниот договор, вршејќи ги неопходните законски и уставни промени за да се прилагоди кон формирањето на новиот суд.

Таа изјави дека е ангажирана пристапот на Косово да биде сеопфатен и дека истрагата која ќе произлезе од извештајот на Советот на Европа нема да биде обид да и се суди на војната, туку начин да се истражат евентуалните индивидуални злосторства.

Јахјага на Вилијамсон му дала уверувања дека Косово е подготвено да се соочи со овие обвинувања во рамки на еден кредибилен процес и дека ќе ги исполни своите обврски со одговорност и достоинство тој да заврши и да се засили меѓународната позиција на Косово.

Вилијамсон, кој денеска се наоѓа во посета на Косово и се заблагодари на Јахјага за поддршката која ја дава за Специјалната истражна единица, се наведува во соопштението.

Истрагата во случајот со трговијата на органи, за која се претпоставува дека била направена од Ослободителната војска на Косово (ОВК) на најмалку две локации во Албанија – во селото Гур (северо источна Албанија во околијата Мат) и Фуш Круја, започнала во 2011 година.