/ Прочитано:

2.687

УГД за првпат организираше Летна школа за правници

Вкупно 45 студенти од правните факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово учествуваа на првата Летна школа по кривично право и човекови права.

foto akademik

Програмата на првата Летна школа по кривично право и човекови права беше поделена на две секции, едната беше посветена на човековите права – а другата на кривичното право. Во секцијата „Човекови права“ учествуваа 20 студенти, а во секцијата  „Кривично право“ учество земаа 25 студенти.

akademik foto 1

Студентите полагаа и завршен испит со цел да се потврди знаењето што го стекнаа во рамките на Школата и сите добија сертификати за учество. Сертификатите беа издадени од страна на Мисијата на ОБСЕ, Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и Државниот универзитет во Тетово.

akad 2

Школата, истакнуваат од Правниот факултет при УГД, се одржа во Охрид, а ја организираа правните факултети при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Државниот универзитет во Тетово, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

akademik foto

Во подготвителниот период беше формиран Организационен одбор на Школата, кој го сочинуваа проф. д-р Јован Ананиев и проф. д-р Страшко Стојановски од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Агим Нухиу и проф. д-р Насер Адеми од Државниот универзитет во Тетово и доц. д-р Жанета Попоска и м-р Томе Шеќерџиев од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

akad 4

Темите што се обработуваа на Летната школа се однесуваа на човековите права, заштитата од дискриминација, говорот на омраза и криминалот од омраза, правата на жените, децата и лицата со попреченост, правото на работа, меѓународниот систем на правна заштита на човековите права, како и теми поврзани со кривичното материјално и процесно право.

slika

Исто така, беа вклучени и теми кои се однесуваат на мултикултурализмот и моделите на градење доверба во мултиетничко општество.

foto

Целите на школата беа насочени кон подобрување на знаењата во доменот на човековите права, ефикасни институции, ефикасно носење на политички одлуки, кривичното право и моделите за добро управување и меѓуетнички односи; подобрување на вештините за ефикасно препознавање на клучните предизвици во областа на човековите права и кривичното право и предлагање на модели за нивно надминување, зголемување на чувствителноста и свесноста на студентите за прашања што се однесуваат на антидискриминацијата и намалувањето на говорот на омраза и феноменот на криминал од омраза и почитувањето на етничката.

???

Исто така, целите на школата беа насочени и кон јазичната и религиозната различност, развивање на вештини за критичко размислување во процесот на учење на предмети од областа на правните и политичките науки и социологијата, поврзување на студентите од различни правни факултети како потенцијал за идни активности иницирани од нивна страна, во коишто може да се јават како носители, и кумулација и трансфер на ЕКТС кредити меѓу универзитетите.

foto akademik

На Летната школа како предавачи учествуваа  проф. д-р Ферат Полиси, редовен професор и декан на Правниот факултет при ДУТ; проф. д-р Страшко Стојановски, вонреден професор на Правниот факултет при УГД; доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, доцент на Правниот факултет при УГД; доц. д-р Жанета Попоска, офицер за владеење на право при Мисијата на ОБСЕ во Скопје и доцент на Правниот факултет при УГД; доц. д-р Агим Нухиу, доцент на Правниот факултет при ДУТ; проф. д-р Јован Ананиев, редовен професор и декан на Правниот факултет при УГД; проф. д-р Лазар Нанев, вонреден професор на Правниот факултет при УГД, судија; проф. д-р Сеадин Џафери, професор на Економскиот факултет при ДУТ; м-р Томе Шеќерџиев, офицер за владеење на право при Мисијата на ОБСЕ во Скопје;  проф. д-р Насер Адеми, редовен професор на Правниот факултет при ДУТ; доц. д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет при УКИМ; проф. д-р Васфи Доко, редовен професор на Правниот факултет при ДУТ и м-р Славица Чубриќ, постар правен асистент при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

М.В