/ Прочитано:

2.916

УЈП: Граѓаните, адвокатите, нотарите и другите вршители на самостојна дејност во најкус можен рок да го платат персоналниот данок на доход

akad 4

„Ги информираме граѓаните доколку не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), да го сторат тоа во најкраток можен рок“, се вели во соопштението на Управата за јавни приходи.

Ова укажување, истакнуваат од УЈП, се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или според паушално утврден приход.

Проверете преку интернет дали должите персонален данок 

Граѓаните можат да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет, користејќи ја услугата „е-плаќање на персонален данок“.
Регистрирањето за користење на оваа е-услуга е бесплатно за граѓаните. Единствено што е потребно е граѓаните да имаат е-адреса и да креираат кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp
Граѓаните можат да најдат повеќе информации со преземање на документот „e-Плаќање на персонален данок“ (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60)

Начини на издавање на препис на даночно решение за персонален данок 

Доколку имаат потреба да им биде издадено решение за утврдување на персонален данок по различни основи, граѓаните можат да поднесат барање за препис (УЈП-ПР-З.2-16/1).

За дополнителни информации граѓаните можат да стапат во контакт со УЈП преку инфо-центарот 0800 33 000.

М.В