/ Прочитано:

2.729

УЈП: Насоки за доставување евиденции на излезни/влезни фактури

УЈП објавува соопштение во врска со насоките за доставување евиденции на излезни/влезни фактури како прилог на пријавата ДДВ-04, во случај на барање од УЈП.

akad 7

„Се известуваат ДДВ обврзниците и сметководителите дека Управата за јавни приходи за определена група на ДДВ обврзници достави барање за информации заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава “ДДВ-04“ (согласно член 57, 60 и 62 од Законот за даночна постапка „Службен весник на РМ“, бр. 13/06…23/16).

Во доставеното Барање беше укажано за даночниот период 01/12-31/12/2016 година, односно даночниот период 01/10-31/12/2016 година, обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, да достават и:
– евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
– евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.

Во случај ДДВ обврзникот да добие вакво Барање од УЈП, податоците треба да ги достави во Табеларниот преглед кој е доставен од страна на УЈП. Пополнетиот Табеларен преглед се доставува како прилог (аttachment) кон даночната пријава ДДВ-04 за соодветниот даночен период, преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Даночните обврзници избрани како целна група и до кои е доставено барање од УЈП, при пополнување на Табеларниот преглед, потребно е:
• Да ги достават податоците само за излезни фактури за жирално плаќање, а не и готовински промет, и тоа само фактури за оданочив промет , како и влезни фактури од кои произлегува претходен данок со право на одбивка, без оглед на начинот на плаќање, како и исправка на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок.
• Доколку ДДВ обврзниците издаваат фактури на физички лица, во Табеларниот преглед во полето ЕДБ треба да го внесуваат ЕМБГ на физичкото лице.
• Во делот на техничките барања кои треба да се исполнат за Табеларниот преглед да биде прикачен заедно со ДДВ-04 пријавата, по пополнувањето на ДДВ пријавата истата треба да биде сочувана како привремена. Потоа во делот на прилозите да се прикачи како прилог (attachment) Табелата – ДДВ Евиденции, при што екстензијата на екселот наместо .xlsx треба да биде .xls.
• Големината на фајлот Табела – ДДВ Евиденции не треба да надминува 2 МБ. По прикачувањето на прилогот Табела – ДДВ Евиденции, ДДВ-04 пријавата треба да биде сочувана како завршена и како таква да се испрати до УЈП.

ДДВ обврзниците до кои е доставено барање од УЈП, ако достават пријава “ДДВ -04“ без Табеларниот преглед, истата ќе биде примена и обработена, но согласно член 179-б од Законот за даночна постапка заради недоставување на бараните податоци е пропишано изрекување на глоба“, стои во соопштението на УЈП.