/ Прочитано:

834

Украина започна воена операција: Тенкови, оружје и воена техника на истокот од земјата

Вторник, 15 април 2014 – Првиот баталјон на Националната гарда на Украина го напуштил Киев и тргнал кон југоисток, изјави шефот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Парубиј.

Украинскиот вршител на должноста претседател Александр Турчинов најави остри мерки против антивладините демонстранти во северниот дел на регионот Доњецк, источна Украина.

Тој синоќа потпиша указ за почеток на специјална операција во источните области на земјата,а претходно најави започнување на „сеопфатни антитерористички операции“, со цел украинските власти да ја повратат контролата врз полициските и владините згради, кои во изминатите денови беа заземени од проруски демонстранти во десетина градови во источниот дел на државата.

„Антитерористичката операција почна во текот на ноќта во понеделникот“, рекол Турчинов, според кого целта на овие активности е да се заштитат граѓаните на Украина.

„Русија денес“ пренесува дека воената операција на исток на Украина – веќе започнала, а „Глас на Русија“ пренесува дека вршителот на должност министер за одбрана на Украина, Михаил Коваљ рекол дека вооружените сили во Украина се подготвени за специјални операции на исток на државата.

Како што се индормира, од различни области, во текот на ноќта, во источна Украина пристигнувале пораки за пренесување на воена техника.