/ Прочитано:

1.881

Вангелина Маркудова предложена за судија во Уставниот суд на РМ

Среда, 20 ноември 2013 – Судскиот совет ја предложил судијката Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд од редот на судиите, јави Канал 5.

Предлогот од Судскиот совет доаѓа по барање на Собранието кое треба да избере наследник за судијата Бранко Наумовски чиј мандат истекува на почетокот на декември.

Како што објави телевизијата, од повеќе судии кои биле ставени на разгледување, Судскиот совет се одлучил за Маркудова поради постигнатите резултати во долгогодишниот стаж во судството и високите оценки кои ги добивала од ова тело.

Маркудова во јавноста е позната како судија, која била главен судија или дел од судечкиот совет во предметите: „Змиско око“, „Тенковски делови“, „Сопот“, „Франкфурт Мафија“, „Фаланга 2“.

Вангелина Маркудова првпат се вработила како судија во 1986, а последниве 6 години работи како судија во Одделот за организиран криминал во Основниот суд Скопје 1.