/ Прочитано:

2.445

Висар Фида, директор на Агенцијата за странски инвестиции: Не му верувам на Државниот завод за ревизија!

Вторник, 14 јануари 2014 – Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, скептичен во однос на работата на Државниот завод за ревизија, според кој, институцијата со која раководи Фида во извршувањето на работата направила серија неправилности.

Како што објавува телевизијата Алсат-М, Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, не го признава извештајот на Државниот завод за ревизија и ќе плател независна ревизорска куќа да го преиспита извештајот со кој се утврди дека не се вршела евиденциија за парите што од државата ги добиваат странските инвеститори, ниту имало контрола на тоа дали инвеститорите ги исполнуваат обврските.

Според директорот, за дел од забелешките на ревизорите одговорни биле други институции, а не Агенцијата со која тој раководи.

„Ќе направиме, како што најавив, уште една ревизија за да потврдиме дали тоа е навистина така или не. Некоја независна ревизорска куќа ќе ја прави ревизјата“, најавува Фида.