/ Прочитано:

1.096

Владата го достави до Собранието Предлог-законот за финансиска дисциплина

Среда, 13 ноември 2013 – Предлог законот за финасиска дисциплина е на прво читање во Собранието на Република Македонија. Непочитувањето на роковите за намирување на обврските утврдени во договорите помеѓу економските субјекти, соочувањето со проблемите со наплатата и нарушувањето на ликвидноста се наведени како основни причини за предложување на овој закон.

Како цел на Предлог-законот за финансиска дисциплина е посочено уредувањето на навременото исполнување на парични обврски кои произлегуваат од реализација на деловни договори помеѓу економските оператори од приватниот сектор, односно помеѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, со цел спречување на неисполнувањето на паричните обврски во предвидените рокови.

Предлог-законот може да го погледнете тука: Предлог – закон за финансиска дисциплина