/ Прочитано:

844

Во мај блокирани 234.727 сметки

Вторник, 14 јануари 2015 – Според последните податоци на Народна банка на Македонија заклучно со мај, бројот на блокирани сметки по разни основи изнесува 234 727. 

Од нив, 170 илјади сметки се на физички лица, а 64.719 на правни субјекти. Од почетокот на годинава, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Во анализираниот период се забележува намалување на бројот на блокирани сметки на фирмите, но пораст има кај бројот на блокирани сметки на граѓаните. Kај граѓаните има раст на бликираните сметки за речиси 24 илјади, додека кај компаниите има намалување на блокадите на околу 1.000 сметки. Се работи за блокади поради конечни и извршни решенија за присилна наплата поради заостанати долгови кон банки, државата и друг основ.

На крајот од петтиот месец од годинава, бројот на отворени сметки се искачил на 3.739.904, или за еден месец се отвориле околу 5.000 нови сметки.