/ Прочитано:

1.790

Во Масачусетс усвоена иницијативата за легализација на марихуаната за рекреативна употреба

Сепак, треба да помине барем уште една година за да се дозволи продажба на марихуаната од легални трговци во државата Масачусетс. Дел од поддржувачите на законот се претпазливи во однос на претставниците на државата кои можат да бараат промени во законот или да го одложат неговото целосно спроведување во текот на следните месеци. Масачусетс е првата држава од Источниот Брег на САД каде што е дозволена рекреативната употреба на марихуаната, а наскоро се очекува и државата Мејн да го следи нејзиниот пример. Претходно државите Колорадо, Вашингтон, Орегон и Алјаска го легализирале рекреативното користење на марихуаната.

Марихуана

Како што јавува реномираниот весник „Њујорк тајмс”, активистите од Бостон коишто се залагаат за легализација на марихуаната се задоволни откако беше изгласан новиот закон со кој на лицата кои се постари од 21 година им се дозволува да поседуваат, да одгледуваат и да користат марихуана во ограничени дози за рекреативна употреба.

Сепак, треба да помине барем уште една година за да се дозволи продажба на марихуаната од легални трговци во државата Масачусетс. Дел од поддржувачите на законот се претпазливи во однос на претставниците на државата кои можат да бараат промени во законот или да го одложат неговото целосно спроведување во текот на следните месеци.

Од полицијата на Бостон за весникот изјавиле дека влијанието на марихуаната може опасно да влијае на сообраќајот, конкретно доколку возачите управуваат возила под дејство на марихуана.

Масачусетс е првата држава од Источниот Брег на САД каде што е дозволена рекреативната употреба на марихуаната, а наскоро се очекува и државата Мејн да го следи нејзиниот пример. Претходно државите Колорадо, Вашингтон, Орегон и Алјаска го легализирале рекреативното користење на марихуаната.

Во Масачусетс возрасните можат да поседуваат најмногу 28 грама во себе кога не се во своите домови и најмногу 280 грама во домот, а исто така тие смеат дома да го одгледуваат растението во количество од 12 грама во семе.

Претставникот на Националната организација за реформи на законите поврзани со марихуаната, Бил Даунинг, истакнал дека поминале речиси 3 децении во борба за легализирање на рекреативната употреба на марихуаната, но сепак и покрај задоволството од усвојувањето на законот, имаат и доза на скептицизам дека во иднина ќе може да се смени нешто во врска со овие законски одредби.

Оваа загриженост произлегува од јавните изјави на претставниците на демократите и гувернерот од Републиканската партија, Чарли Бејкер, кој ветил дека ќе ги разгледа измените на законот кој бил усвоен по поднесувањето на петиција од страна на  240 000 граѓани.

Според Светската здравствена организација и според дефиницијата од 1961 година објавена во Конвенцијата на Обединетите нации, канабисот е дефиниран како растение со цветни врвови, без семето и листовите, кое доколку се употребува влијае на централниот нервен систем кај човекот.