/ Прочитано:

1.103

Вооружен инцидент во центарот на Скопје — ранет случаен минувач

Недела, 1 декември 2013 – Синоќа околу 1 часот во пукање што се случило во центарот на Скопје на улицата кајшто се наоѓа кафе барот „Тренд“ бил ранет случаен минувач, потврдуваат од МВР.

МВР информира дека ноќеска  околу 01,10 часот во Скопје на ул.„Никола Вапцаров“, настанала тепачка помеѓу две групи, при што во еден момент од непознато лице е испукан проектил од оружје при што  во нога бил погоден случаен минувач А.З. (18) од с.Ново село-скопско.

Истиот е пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар-Скопје. Извршен е увид на лице место, при што се пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема приведени за инцидентот.