/ Прочитано:

937

Врховен суд на Австралија: Луѓето што не се идентификуваат ни како маж, ни како жена – да се регистрираат како неутрален пол

Среда, 2 април 2014 – Највисоката австралиска судска инстанца донесе одлука, согласно, која луѓето можат да имаат неутрален пол.

Врховниот суд на Австралија оцени дека еден човек може да биде ниту маж, ниту жена и донесе одлука таквите лица да бидат регистрирани како човек со неодреден или неутрален пол.

Оваа одлука доаѓа, по случајот покренат од Нори Меј Велби, која тврди дека не се идентификува со ниту еден од двата пола и оти се чувствува како неутрална.

Со години таа водеше судска битка за да биде запишана како лице со неутрален пол.

Нори е родена во Шкотска како маж. На седум години се преселува во Австралија, каде го менува полот и станува жена, но потоа утврдува дека не се чувствува како жена.