/ Прочитано:

659

За празниците 42 сообраќајки во Скопје

Вторник, 22 април 2014 – Четириесет и две сообраќајни несреќи се случиле на подрачјето на Град Скопје во текот на изминативе пет дена.

На 17 април, четврток,сообраќајната полиција извршила увид  на 12 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и една со полесни телесни повреди на пешак. Регистрирана е една незгода со последица тешки телесни повреди, која се случила во 15 часот и 35 минути на крстосницата од ул. „Скупи“. Во незгодата учествувале три патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден возач. Регистрирани се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Од деветте сообраќајни незгоди, што се случиле во петок, шест се со последица материјална штета и две со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пешак и сопатник во запрежно возило. Регистрирана е и незгода со последица тешки телесни повреди, која се случила во 21 часот и 15 минути на ул. „Воин Драшколци“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „застава“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот изгубил контрола над управувачот и удрил во бандера за улично осветлување при што се здобил со тешки телесни повреди.  Евидентирани се уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.

На 19 април, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле пет возачи на патнички моторни возила и двајца сопатници. Во една незгоди со мала материјална штета е пополнет Европски извештај.

На 20 април, недела, од регистрирани осум сообраќани незгоди, шест се со последица материјална штета, а во две со полесни телесни повреди се здобиле возач на патничко моторно возило, пешак и сопатник.

Вчера сообраќајната полиција извршила увид во четири сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и пешак.

Во текот на изминатите пет дена сообраќајната полиција открила и санкционирала четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, како и девет возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром со учениците од втора и трета година.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.