/Прочитано:

805

Закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец декември 2016

Погледнете ја најновата листа на закони и подзаконски прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец декември 2016 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

akademik foto 1

На 1 декември стапуваат во примена одредби од Законот за заштита на децата (2013) и Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Одредбите од Законот за заштита на децата (2013) се однесуваат на  можноста на постапката за остварување/продолжување на правото на детски додаток да се поведе и преку електронска апликација упатена во Центарот за социјална работа, а одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување се однесуваат на примената на одредбата во врска со усогласувањето на старосната пензија.

На 31 декември стапуваат во примена одредби од Законот за социјалната заштита кои се однесуваат на примената на одредбите во врска со висината на социјалната парична помош, а на истиот датум престануваат да важат одредби од Законот за здравствената заштита во врска со можноста за преземање на здравствен работник кој врши специјалистичко-консултативна здравствена дејност во приватна здравствена установа во јавна здравствената установа.

На 15 декември стапува во примена Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоен од 5.000 денари, а на 31 декември престанува да важи целата Одлука од Агенцијата за електронски комуникации за уплата на средства за компензација на нето-трошоците на давателот на универзалната услуга во компензацискиот фонд за универзална услуга за 2016 година.

Табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат во декември  2016