/Прочитано:

9.996

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти

Министерство за транспорт и врски подготвува измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Со измените на овој закон се дава можност на сите лица кои од кои било причини не успеале досега да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак тоа да го комплетираат (не доставиле соодветна документација во согласност со законот), во пропишаниот рок да го направат истото тоа, под истите услови што важеле досега.

„Со Законот за постапување со бесправно изградени објекти се уредуваaт условите, начинот и постапката за евидентирање, утврдување на правен статус и санкционирање на бесправно изградените објекти. Од март 2011 година со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кога започна процесот на утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, беа донесени повеќе изменувања и дополнувања на законот во различни сегменти, вклучувајќи и измени во рокот за поднесување и комплетирање на барањата со поднесување на елаборати. Овој рок за поднесување на геодетски елаборати во согласност со последниот рок заврши заклучно со 31 декември 2016 година. Со овие предложени измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, односно тој да биде од денот на отпочнувањето на примената на овој закон, односно од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година“, образложуваат од Министерството за транспорт и врски.

М.В