/ Прочитано:

1.344

Започната постапка за избор на нов декан на најстариот правен факултет

Правниот факултет „Јустинијан Први” на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 14 март 2016 година донесе одлука за започнување на постапката за избор на нов декан.

akademik foto

Мандатот на постојниот декан проф. д-р Борче Давитковски завршува на 15 септември оваа година. По оставката на деканот минатата година беше спроведена постапка за избор на декан, во која со големо мнозинство за декан беше избран проф. д-р Горан Коевски.

Оваа постапка меѓутоа беше поништена од страна на просветната инспекција, поради што се води управен спор.

Како што се дознава, до овој момент за декан е пријавен само еден кандидат и тоа проф. д-р Горан Коевски и се очекува ова да биде процедура во која само ќе се потврди волјата на колективот искажана и во првата процедура, односно ќе се потврди изборот на проф. д-р Горан Коевски.

М.В