/ Прочитано:

678

Започнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детската клиника

Среда, 10 јуни 2015 – Денеска започнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детската клиника во Скопје што се случи  на 9-ти јануари. 

Убиството се случи на 9-ти јануари вечерта околу 19:00 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат.

Обвинет за убиството е 22-годишно момче од скопски Петровец кое ќе одговара за убиство на бремено лице. Според обвинението се започнало со вербална расправија, по што тој најпрво ја турнал медицинската сестра на подот, а потоа ја задавил.