/ Прочитано:

591

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДИИ: Секој судија може да се вклучи во расправата за нацрт – амандманите на Уставот

Петок, 12 септември 2014 – Секој судија лично или преку Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ) може да се вклучи во расправата по повод тековните Нацрт – амандмани на Уставот на Република Македонија, известуваат од Здружението на судии на Македонија.

„Се известуваат сите судии дека јавната и стручна расправа, по повод тековните Нацрт – амандмани на Уставот на Република Македонија трае од 27.08.2014 година до 27.09.2014 година. Во овој период секој судија лично или преку Здружението на судиите на Република Македонија може да се вклучи во расправата и своите мислења, сугестии и препораки да ги достави до Здружението на судиите на Република Македонија, каде ќе бидат сублимирани, а потоа проследени до Законодавниот дом“, се вели во соопштението на ЗСРМ. 

>> Текст нацрт на уставни амандамани