/Прочитано:

46

Земјите членки на ЕУ во Брисел ќе потпишат одбранбен договор

Франција, Германија и 20 други членки на Европската Унија денеска во Брисел ќе потпишат одбранбен пакет за кој се надеваат дека ќе сигнализира почеток на нова ера во воената интеграција во Европа. Државите членки на ЕУ се надеваат дека одбранбениот пакет ќе ја намали зависноста на Европа од САД и ќе ѝ даде на Унијата кохерентна улога во соочување со меѓународните кризи. Тоа е прв обид да се направи одбранбен пакет на ЕУ од 1950-тите години, кој би требало да го потпишат министри за надворешни работи и министри за одбрана на ЕУ.

M.В