/Прочитано:

132

Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците

Во Законот за прекршоците се намалуваат прекршочните казни, не се ригорозни и се предвидува и опомена кога за прв пат се прави грешка која се смета за прекршок, вели министерката за правда, Рената Дескоска.

„Дури и таа глоба се намалува заради тоа што глобата не треба да ја затвори фирмата, да го банкротира граѓанинот“, вели Дескоска.

„Направивме рамка во Законот која предвидува разлика, односно дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми бидејќи правичната сразмерна казнена политика е во интерес на граѓаните, фирмите и економијата. Со тоа се исправа долгогодишната неправда кон малите фирми. Минималната глоба ќе биде 250 евра, додека максималниот износ ќе биде 10.000 евра. Тука сакам да потенцирам дека има одредени случаи каде што, во согласност со правото на Европската Унија, ќе може да се изрекуваат и повисоки глоби, и тоа за заштита на животната средина, каде што потенцираме дека имаме поголемо добро што штитиме, и фирмите, фабриките мора да бидат свесни за да не ја загадуваат животната средина. Во такви случаи глобите нема да бидат мали и симболични, туку сериозни“, образложува Дескоска, додавајќи дека поголеми глоби ќе бидат изрекувани и за заштита на културно-историското богатство.

Лукаревска: Со новиот Закон за прекршоците ќе нема репресивни казни

Прекршочните санкции за физичките и за правните лица во новиот предложен Закон за прекршоците

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

М.В