/Прочитано:

188

Глобите за нечистење снег во Законот за јавна чистота

Со Законот за јавна чистота се уредуваат условите и начинот на одржување на јавната чистотa, правата и обврските на учесниците во одржувањето на јавната чистота, површините и објектите на кои се врши одржување на јавната чистота, собирањето на сметот и чистењето на снегот и мразот во зимски услови.

Одржувањето на јавната чистота, собирањето на сметот и чистењето на снегот во зимски услови се дејности од јавен интерес од локално значење.

Одржувањето на јавната чистота и чистењето на снегот и мразот во зимски услови на јавните површини го врши јавно претпријатие за комунални услуги, основано од општинaта, општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

Во Законот за јавна чистота се пропишува дека општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје се должни да го исчистат снегот од јавните површини најдоцна во рок од 6 часа од почетокот на снежните врнежи.

Исто така, во Законот за јавна чистота се пропишува дека во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правното лице сопственик, односно корисник на јавен објект ако не го исчисти снегот од отворениот простор пред јавниот објект.

Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако не обезбеди редовно и квалитетно одржување на јавната чистота и чистење на снегот на јавни површини во зимски услови. За овие прекршоци глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице.

Од аспект на надлежностите на локалната самоуправа, во членот 10 од Законот за јавна чистота се вели: „За поблиско уредување на односите за одржувањето на јавната чистота, советот на општината, на општините во Градот Скопје и Советот на Градот Скопје донесува одлука.“

Со оваа одлука се регулираат одржувањето на јавната чистота на јавните површини, начинот на користење на јавните површини и собирањето на сметот, чистењето на снегот и мразот, отстранувањето на предмети кои ја загрозуваат јавната чистота, како и мерките за спроведување на одлуката.

ДЗС: Во согласност со Законот за заштита и спасување локалните самоуправи преземат мерки за расчистување на снегот

М.В