/Прочитано:

259

Поради големиот интерес, првата обука на Академик во новата година ќе биде посветена на примената на Законот за градење

На 24 јануари 2019 година (четврток), Академик ќе одржи обука за практична примена на Законот за градење, поконкретно за постапката за добивање одобрение за градење, за правата и обврските на учесниците во изградбата на објектите, за соинвеститорството, за причините за прекин на изградбата, за правните ризици и последиците од прекинот.

На претходната обука во организација на Академик посветена на практичната примена на Законот за градење, бројните учесници нагласија дека обуката била извонредна и побараа Академик повторно да организира обука за Законот за градење.

Предавач на обуката ќе биде Мартин Оџаклиески – државен советник за управно-надзорни работи при Министерството за транспорт и врски.

На обуката ќе се дискутира за многу отворени прашања кои произлегуваат од реални ситуации од практиката и ќе бидат разгледани објективни проблеми со кои се соочуваат учесниците во изградбата и органите што ги издаваат дозволите за градење.

Практичната обука ќе понуди конкретни насоки за дефинирање на правната положба на учесниците во изградбата во различни правни ситуации, како и насоки за спроведување успешна постапка за одобрение за градење. Исто така, обуката ќе даде осврт на можните причини за прекин на изградбата, начините на постапување во случај на промена на инвеститор или промена на вршител на надзор, на последиците и правната заштита од престанокот со градење и ќе ги посочи модалитетите на соинвеститорство, потенцијалните кризни ситуации и начините за нивно надминување.

Агенда:

Учесници во изградбата на објектите

  • Учесници во изградбата на објектите и нивните меѓусебни правни односи;
  • Заштита на правата на учесниците во изградбата;
  • Видови соинвеститорство;
  • Постапка за добивање одобрение за градење.

Постапка за добивање одобрение за градење и причини за прекин на изградбата

  • Запишување на правата во јавна книга за недвижности;
  • Пренесување на права во текот на изградба на објектите;
  • Прекин на изградбата – можни причини и последици;
  • Можни решенија за продолжување на изградбата;
  • Обврски на инвеститорот по изведување на изградбата.

Специфични случаи при примената на Законот за градење

  • Пренамена, адаптација и реконструкција на објекти;
  • Градби за кои не е потребно одобрение за градење;
  • Посебни случаи на доградба и надградба на објекти за индивидуално домување, задолжителни обврски на инвеститорот.

Прашања, одговори, дискусија за примери од практиката.

Време и место на одржување на обуката:  24.1.2019 година, 10:00 – 15:00 часот, Центар за обуки Академик, бул. „ВМРО“ бр. 1, Скопје.

На обуката учесниците добиваат сертификат за учество, бесплатни материјали, кафе, вода и премиум закуска за време на паузите.

Цената за учество на обуката за едно лице е 4.200,00 денари + ДДВ, а корисниците на www.akademika.com.mk имаат 10% попуст.

Сите заинтересирани можат да се пријавуваат за обуката преку е-пошта на електронската адреса practicum@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.