Соопштение на УПОЗ за најава за штрајк доколку не се најде конечно решение за судските службеници
„Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и Здружението за судска администрација (ЗСА) на заедничкиот состанок во врска со случувањата во судовите и одлуката на Судскиот буџетски совет за додатоците на плата на судиите за 35% и нееднаквиот третман на судската служба во однос на судиите, одлучија дека доколку наредниве денови не се најде конечно решение за судските службеници, ќе го искористат правото на штрајк“, се вели во соопштението на УПОЗ.
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), Пецо Грујовски, потсетува дека во 2016 година судските службеници штрајкуваа 60 дена со две барање, од кои едното беше измена на Законот за судска служба во делот на додатоци на плата.
„Но, наместо тоа состојбите кулминираа во петокот, кога беше донесена одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата на судиите за 35%, и тоа кога само ден пред тоа на средба со министерката за правда беше договарано нешто сосема друго, односно враќање на незаконски одземените пари за време на штрајкот во 2016 година“, се додава во соопштението.
УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет
ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела
„Бараме да се повлечат лошите закони“ – протест на судската администрација
ШТРАЈК НА СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: „Да се измени штетниот и демотивирачки Закон за судска служба!“
М.В