/ Прочитано:

1.368

АКАДЕМИК ОБУКА: „Најдобрите и најлошите практики, искуства и примери од тримесечната примена на измените во Законот за јавни набавки во врска со добивањето на согласности од Советот за јавни набавки“

Среда, 9 септември 2015 – На 21 септември со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука на тема: „Најдобрите и најлошите практики, искуства и примери од тримесечната примена на измените во Законот за јавни набавки (Сл.весник бр.78/15) во врска со добивањето на согласности од Советот за јавни набавки“.

Предавач на обуката ќе биде д-р Златко Алексов, член на Советот за јавни набавки кој подробно ќе се осврне на најдобрите практики при планирањето и подготовките за распишување и спроведување на постапките за јавни набавки кај договорните органи, како  и на одредниците – како треба и како не треба да постапуваат договорните органи во постапката за добивање на согласности од Советот за јавни набавки поврзани со техничките спецификации и утврдување способности. 

На обуката ќе бидат образложени и очекуваните ефекти од најновите предложени измени и дополнувања на Законот за јавни набавки, кои меѓу другото предвидуваат издвојување Советот за јавни набавки како самостоен државен орган, а предвидено е и доволно време за прашања, дебата и презентација на практични примери.

Пријавувањето за учество на обуката трае до 18.09.2013 на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или тел.: 02/3 232-821 и 02/3 237-465.

 >>> Прилог агенда за обуката: