/ Прочитано:

1.541

Државен завод за статистика: Расте бројот на издадени градежни дозволи

Вторник, 13 јануари 2015 – Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 се издадени 281 одобрение за градење  што е за 54.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 601 885 илјади денари што е за 83.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (64.4%) се наменети за објекти од високоградба, 41 (14.6%) за објекти од нискоградба и 59 (21.0%) за објекти за реконструкција.

 Од вкупно 281 објект, на 184 (65.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти (34.5%) инвеститори се деловни субјекти.

 Во извештајниот период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35 324 м2.

Соопштението во целост