/ Прочитано:

1.027

Итна седница на Советот на јавни обвинители за тимот на Јанева

Среда, 4 ноември 2015 – Советот на јавните обвинители соопшти дека попладнево ќе одржи седница за избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство.

Досега Советот на јавните обвинители изгласа само седум од 14-те предложени помошници обвинители и не отстапуваше од ставот дека на Јанева и се доволни седум обвинители за работа.

Неофицијално, Советот ќе гласа и одобри уште 5 кандидати од предложената листа на Јанева, додека двајца би отпаднале. Со тоа, Јанева би работела со 12 (а не 14) помошници обвинители со предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Комплетирањето на тимот на Јанева е една од спорните точки што ги блокираат политичките преговори за договорот од Пржино. 

>> СОВЕТОТ НЕ ГО КОМПЛЕТИРА ТИМОТ НА ЈАНЕВА: „Ние не работиме по писма и препораки на политичките партии“