/ Прочитано:

2.203

Измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (ТЕКСТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ)

Вторник, 2 декември 2014 – Предлог – Закон за изменување и дополнување на  Законот за постапување со бесправно изградени објекти се наоѓа на прво читање во Собранието на Република Македонија. Целта на предложените измени е да се овозможи спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен појас на државен и локален пат и железничка пруга. Исто така, предложените имени се во насока на спречување на злоупотреби при спроведување на постапките за промена на барател, наведуваат од Министерството за транспорт и врски како предлагач на измените.

Постапка за промена на барател за утврдување на правен статус на бесправен објект

„Во законот е предвидена постапка за промена на барател за утврдување на правен статус на бесправен објект, при што е предвидено да се изврши промена со согласност на подносителот на барањето за утврдување на правен статус за истиот бесправен објект, која постапка се злоупотребува во пракса односно во рамки на истата се врши и промена на објектот за кој е поднесено барањето за утврдување на правен статус.Понатаму еден од условите за утврдување на правен статус на бесправни објекти кои се наоѓаат во заштитен појас на државни и локални патишта, односно во заштитен појас на железничка инфраструктура е согласност од органот кој е надлежен за управување со патната и железничката инфраструктура.Исто така, во законот не е извршено допрецизирање на  доказите кои треба да се достават за електронски комуникациски мрежи и средства кои се линиски објекти“, се посочува во законското образложение.

Со Предлог Законот се врши измена во постапката за промена на барател односно се утврдува дека барање за промена на барател може да поднесе само правно и физичко лице кое се стекнало со правото врз бесправниот објект за кој е поднесено барањето за утврдување на правен статус врз основа на судска пресуда или врз основа на заклучок за извршена продажба донесен согласно Законот за извршување, физичко лице кое со оставинско решение е прогласено за наследник на физичкото лице кое го поднело барањето за утврдување на правен статус на бесправниот објект за кој се однесува барањето за промена на барател, а во случаите кога барањето за утврдување на правен статус се однесува за бесправен дел од објект (доградба или надградба) и лицето кое со договор за купопродажба се стекнало со право на сопственост на објектот кој е запишан во имотен лист, доколку со договорот за купопродажба е утврдено дека се стекнува и со правото врз бесправниот дел од објектот за кој е поднесено барањето за утврдување на правен статус.

Правен статус на објектите изградени во заштитен појас на државни и локални патишта – доколку не е предвидено проширување на трасата на патната и железничката инфаструктура

Во предложените измени се образложува дека по однос на утврдувањето на правен статус на објектите изградени во заштитен појас на државни и локални патишта, односно во заштитен појас на железничка инфраструктура, се предвидува за истите да се утврди правен статус доколку не е предвидено проширување на трасата на патната и железничката инфаструктура, при што се предвидува за барателите чие барање согласно постојното законско решение е одбиено поради недавање на согласност од страна на надлежниот орган за патна и железничка инфраструктура надлежниот орган да достави ново барање согласно одредбите од овој закон и доколку е добиено мислење дека не е предвидено проширување на трасата да се поништи решението за одбивање на барањето и да се продолжи постапката за утврдување на правен статус.

Допрецизирање по однос на доказите кои треба да се достават за линиските електронски комуникациски мрежи

Исто така се врши допрецизирање по однос на доказите кои треба да се достават за линиските електронски комуникациски мрежи и средства односно се пропишува дека и за овие објекти соодветно се применуваат одредбите кои се однесуваат за линиските инфраструктурни објекти.

Се врши измена на членот 20-а кој се применува при пресметување на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти, за кои претходно бил платен надоместок за уредување на градежно земјиште и било издадено одобрение за градење, со тоа што се утврдува дека овој член се применува и во случаите кога не било издадено одобрение за градење, а било поднесено барање за издавање на одобрение за градење и бил платен надоместок за уредување на градежно земјиште.

Начинот на пресметување на надоместокот

Понатаму се прецизира начинот на пресметување на надоместокот за утврдување на правен статус на бесправен објект кој е составен од повеќе посебни делови, во случаите кога истиот се пресметува двојно согласно членот 20-а од законот, односно се утврдува дека истиот се дели на подеднакви делови на сите иматели на посебни делови,

Исто така се предвидува органот кој го донел решението за утврдување на правен статус, по правосилноста истото да го достави по службена должност во електронска форма до Агенцијата за катастар за недвижности.

Со предлог Законот се врши дополнување на прекршочните одредби со тоа што се предвидуваат глоби за службените и одговорните лица на надлежните органи доколку не постапат согласно законските одредби при пресметување на надоместок за утврдување на правен статус.

Подземни далноводи и далноводи кои се поставени на столбови изградени на земјиште сопственост на Република Македонија

За подземни далноводи и далноводи кои се поставени на столбови изградени на земјиште сопственост на Република Македонија, чиишто иматели се правни лица во целосна сопственост на Република Македонија за кои не е поднесено барање за утврдување на правен статус, а се поставени на столбови изградени на земјиште сопственост на Република Македонија, се предвидува да се запишат со право на сопственост на Република Македонија врз основа на Одлука на Владата на Република Македонија.

 Текст на Предлог – Законот за изменување и дополнување на  Законот за постапување со бесправно изградени објекти

м.в