/ Прочитано:

1.395

МВР: Кривични пријави за учество во толпа против Савески и уште едно лице

Имено, утврдено е дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека В. К. го извршил кривичното дело на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот, стои во соопштението на МВР.

20160413_185936

Министерството за внатрешни работи потврдува дека Здравко Савески и уште едно лице, В. К. (39) од Скопје, биле повикани во полиција поради учеството во демонстрациите од 14 април, кога беше оштетен објектот Народна канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

„На 22.4.2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал лицата биле повикани на службен разговор, меѓутоа поради тоа што истите не се пронајдени за да им се врачат поканите, Единицата за насилен криминал достави дополнителни покани и на 25.4.2016 година З. С. и В. К. се јавиле на службен разговор во просториите на полициската станица „Кисела Вода“, по што по консултација со дежурен јавен обвинител истите се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното јавно обвинителство“, се наведува во соопштението на МВР.

Имено, утврдено е дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека В. К. го извршил кривичното дело на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на претседателот, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот, стои во соопштението на МВР.

Од Обвинителството потврдуваат дека против Савески и против уште едно лице се поднесени кривични пријави поради сомнение дека го сториле кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело предвидено и казниво според членот 385 од Кривичниот законик.

Во врска со денешните случувања се огласи и Хелсиншкиот комитет од каде што велат дека со приведувањата се врши заплашување на лицата повикани на разговор, но и на останатите што учествуваат на протестите.

„Во однос на денешните случувања, би сакале да известиме дека на информативен разговор биле повикани повеќе лица кои учествувале на протестите. Хелсиншкиот комитет  обезбеди застапување од страна на адвокат на лицето Здравко Савевски, кој беше повикан на информативен разговор во полициска станица и е одведен во Основното јавно обвинителство Скопје. Комитетот смета дека со повикувањето на лицата кои учествуваат на протестите се врши заплашување на лицата повикани на разговор, меѓутоа и на останатите кои учествуваат и ќе учествуваат на протестите. Би сакале да укажеме дека решенијата за куќен притвор особено влијаат на ограничување на правото на протест, поради фактот што како причина за определување на оваа мерка е наведено дека притворените можат да го повторат кривичното дело со оглед дека има нови најавени протести“, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

По насилните демонстрации беа приведени 13 лица, против две од нив беа поднесени кривични пријави за учество во толпа, а им беше определен и куќен притвор во траење од осум дена, додека против 11 лица беа поведени прекршочни постапки.

„Левица“ бара да престане кривичниот прогон против нивни членови и поддржувачи и против лицата што протестираат