/ Прочитано:

2.926

По вторпат на „Јустинијан Први“ симулација на судење од областа на работните односи и антидискриминација

По вторпат на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа симулација на судење од областа на работните односи и антидискриминација. Студентите и оваа година настапија во улога на адвокати, судии, вештаци, поротници, сведоци и странки.

akademik foto 1

На почетокот на симулираното судење, со поздравен говор се обрати деканот  на  Правниот  факултет „Јустинијан Први“,  проф. д-р  Сашо Ѓеорѓиевски, кој истакна дека на овој настан се обработува многу актуелна тема, а самиот концепт на симулираното судење има исклучително значење за едукацијата на студентите.

akademik foto 1

За доц. д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ симулираното судење претставува поттик за развојот на правната јуриспруденција кај младите студенти по право.

akademik foto 1

„Треба да се нагласи дека овој настан придонесува и за јакнење на свеста во нашето општество против дискриминацијата во работните односи. Во таа насока, едукацијата е клучна во борбата против дискриминацијата“, вели доц. д-р Лазар Јовевски.

akademik foto 1

Д-р Жанета Поповска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје истакнува дека преку симулираното судење младите студенти имаат можност да учат за заштитата од дискриминација, не само на теоретски туку и на практичен план, што во иднина на најдобар начин ќе се отслика во нивната правничка професија.

akademik foto 1

Овогодишни учесници на симулираното судење беа студентите Петар Митревски, Нинослав Нанков, Ѓорѓи Рајчиноски, Викторија Петровска, Симона Томчевска,  Марија Нешкоска,  Пепица Честојнова, Венета Ристовска, Василика Гроздановска, Ива Цветановска, Стевица Младеновски, Емилија Симовска, Наташа Мановска и Моника Степановска.

akademik foto 1

„Ова за нас како студенти е незаборавно и бесценето искуство затоа што да се биде дел од вакво судење подразбира да се направи оригинален спој помеѓу теоретското и практичното, и тоа токму преку соработката со професорите како теоретичари и со судиите и со адвокатите како практичари. Велат дека не може да постои теорија без пракса, ниту пак пракса без теорија и од тие причина ваквата теоретско-практична едукација уште од студентските клупи значи многу за нашиот иден развој како правници“, истакнуваат учесниците на симулираното судење.

akademik foto 1

Судиите Хилда Мешкова и Бојана Велковска велат дека студентите низ  симулираниот судски процес покажале одлично познавање на проблематиката, проследено со аргументирано презентирање на фактите и тужбените наводи, реално отсликувајќи еден судски процес. Студентите, подвлекоа судиите, исто така беа и одлични оратори.

akademik foto 1

Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ се вклучени во голем број активности кои ги има Катедрата по трудово право во однос на заштитата од дискриминација, особено во однос на работните односи. Станува збор за активности поддржани од ОБСЕ и од Правниот факултет, кои вклучуваат работилници, обуки, дебати и трибина, посета на други државни установи и универзитети, летна школа, како и учество во симулирано судење кое се одржа денес.

akademik foto 1

Од оваа година 25 студенти на Првниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје ќе бидат и дел од програмата на ООН за учество во активности за заштита на нечии права.

СТУДЕНТИ ОД „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ – ЗАШТИТНИЦИ НА НЕЧИИ ПРАВА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

M.В