/ Прочитано:

1.285

Приштинскиот суд ги осуди на вкупно 4,5 години затвор Демири и Исмаиловиќ — нивната екстрадиција и натаму енигма

Петок, 12 јули 2013 – Приштинскиот суд ги осуди првообвинетите во „Монструм“:  две години затвор за Африм Исмаиловиќ и две и пол за Алил Демири  за нелегално поседување на оружје, јави Канал 5.

 Африм Исмаиловиќ  добил помала казна оти го призна делото.

Се’ уште останува неизвесно дали и кога обвинетите за масакарот кај Смилковцки ќе бидат екстрадирани, со оглед на тоа што косовските власти ќе одговорат дури откако целосно ќе заврши судењето во Приштина – нивните адвокати, како што пренесува Канал 5, најавиле жалба до повисокиот суд што значи дека ќе поминат најмалку неколку месеци додека пресудата стане правосилна.

Во моментов во Основниот суд Скопје 1 на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство. 

>> СУДЕЊЕ „Монструм“: Балистичари на МВР ќе зборуваат за чаурите пронајдени кај Смилковци