/Прочитано:

262

Судење „Калдрма“: Судскиот процес почнa од почеток, сите обвинети се во куќен притвор освен првообвинетиот

Четврток, 24 јануари 2013 – Судскиот процес почнa од почеток поради промената на вториот судија во судскиот совет. На местото на судија Владимир Панчевски седна судијата Горан Бошевски, а како прв судија останува Ѓоко Ристов. Заврши распитот на 85 обвинети откако судскиот совет формално пројде низ исказите на сите обвинети. По 14 месеци, затворскиот притворот со куќен му е заменет на третообвинетиот Александар Марковски, зад решетки остана само првообвинетиот Ирфан Идризи, останатите обвинети од минатиот месец се во куќен притвор. 

Обвинението по овој предмет е напишано на 400 страници, а преку него обвинителството ќе се обиде да докаже дека вработените во ЈП „Македонија Пат“ преку фалсификувани фискални сметки, организирано, три и пол години правеле криминал на 5 патарини што се наоѓаат на северо-јужниот транспортен Коридор 10, од Куманово па се до Гевгелија. Меѓу 86-те обвинети, во обвинителниот акт стои дека првите двајца обвинети го осмислиле планот и ги организирале останатите  обвинети. Поголемиот дел од обвинетите се наоѓаат во притвор. Според обвинителниот акт тие ја оштетиле државата за 1,8 милиони евра така што на патниците им издавале лажни  фискални сметки и парите оделе во приватни џебови.

>> Предметот за случајот „Калдрма“ проследете го тука. 

Тек на рочиштето

11:00 – Судскиот процес продолжува на 28.01. и 30.01.2013 година во 10:00 часот. Судскиот совет треба формално да ги пројде исказите на сведоците и изведените докази прибавени со посебни истражни мерки. На едно од рочиштата се очекува да се појават тројцата вештаци од Бирото за судски вештачења

10:45 – Откако судијата формално пројде низ исказите на сите обвинети соопшти дека затворскиот притвор на третообвинетиот Александар Марковски му е заменет со куќен. Одлуката на Кривичниот совет обвинетите ја поздравија со громогласен аплауз, а на ова судијата ги опомена да не се рашетуваат многу затоа што полицијата редовно известува за нивнито однесување додека се во куќен притвор. Минатиот месец, Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 им го заменил притворот со куќен на сите обвинети, а зад решетки остана само првообвинетиот Ирфан Идризи

10:15 – Судскиот процес стартуваше од почеток со распитот на обинети. Откако сите обвинети ја напуштија судницата судијата Ѓоко Ристов ги повикуваше еден по еден за да се изјаснат во однос на својата одбрана. Сите 85 од вкупно 86 обвинети од кој еден е во бегство, останаа на својата одбрана дадена на претходниот главен претрес. 

10:00Рочиштето почна. Условите за одржување на главен претрес се исполнети.