/ Прочитано:

1.074

УСТАВНИОТ СУД ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Противуставно доставување докази за познавање странски јазици и компјутерски програми

Уставниот суд на Република Македонија поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 144 од Законот за судска служба.

akad 2

Членот 144 од Законот за судска служба, за кој Уставниот суд поведе постапка, се однесува на доставувањето на докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење од страна на судскиот службеник.

„Судскиот службеник кој засновал работен однос во судот заклучно со денот на започнувањето со примената на овој закон, треба да достави докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, соодветни на неговото работно место, на кое бил распореден на денот на отпочнување со примена на овој закон, во рок од една година од денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија“, се пропишува во ставот 1 од членот 144.

akad 2

Во истиот член од Законот за судска служба, во ставот 2, исто така, се пропишува дека судскиот службеник кој нема да достави докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење ќе биде распореден на работно место за една категорија пониско од работното место на кое бил во моментот на влегување во сила на Законот, освен судските службеници кои на денот на отпочнување со примена на овој закон биле распоредени на работно место на влезните нивоа.

akad 2

Како што велат од Уставниот суд, за посочените членови поведена е постапка затоа што уставните судии изразиле сомнеж за нивната уставност.

За уставноста на повеќе решенија во Законот за судска служба претходно алармираа и од Здружението за судска администрација. Во таа насока, и претседателот на Здружението, Борче Мирчески, нагласи дека Законот за судска служба има штетни,  демотивирачки и противуставни решенија за судската администрација. Потребата од законски измени беше причината и за штрајкот на судската администрација.

akademik foto 1

Претседателот на Здружението за судска администрација, Борче Мирчески, ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поведување постапка за членот 144 од Законот за судска служба, нагласувајќи дека Здружението за судска администрација заедно УПОЗ во Иницијативата до Судот, потенцирале дека ваквиот член е противуставен и дискриминаторски.

„Во овој член се предвидува дека судскиот службеник кој засновал работен однос во судот заклучно со денот на започнувањето со примената на овој закон, треба да достави докази за познавање на странски јазици и познавање на работа со компјутерски програми. Тоа не е во ред во однос на вработените кои веќе засновале работен однос. Сигурно дека ваквата одредба е противуставна  и дискриминаторска, и во таа насока ја поздравуваме одлуката на Судот“, вели Мирчески.

akademik foto 1

Претходно, на Иницијатива на Народниот правобранител, Уставниот суд ги укина членот 108 и членот 109 од Законот за административни службеници, со кои се предвидуваше вработените административни службеници да достават докази за познавање странски јазици и работа со компјутерски програми до раководното лице во институцијата во која работат.

М.В