/ Прочитано:

919

Усвоена е жалбата на адвокатите: Укинат екстрадицискиот притвор за новинарот Зоран Божиновски

Вторник, 23 септември 2014 – По единаесет месеци поминати во екстрадиционен притвор, во Нови Сад, Србија, Зоран Божиновски, од вчера повторно е на слобода.

Според информациите, по заседавање на советот на Апелациониот суд во Нови Сад, била усвоена жалбата на адвокатите на Божиновски, поднесена на одлуката за последниот притвор од 2 овој месец.

На Божиновски му е забрането да ја напушти Србија, а како превентивна мерка му е одземена патната исправа.

Божиновски, како обвинет во случајот „Шпион“, по распишана меѓународна потерница беше уапсен минатата година, во ноември.