/ Прочитано:

21.505

Кои лица ќе може да го остварат правото на социјална пензија според новиот Предлог-закон

Предлог-законотза социјална сигурност за старите лица е во собраниска процедура по скратена постапка. Со овој закон се предвидува месечен износ на правото на социјална сигурност, т.н. социјална пензија за старите лица.

„Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува 6.000 денари. Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица“, се пропишува во Предлог-законот за социјална сигурност на старите лица.

Корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица, се пропишува исто така во предложеното законско решение, има право на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март.

Месечниот износ на висината на додатокот изнесува 1.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Право на социјална сигурност за старите лица има лице со навршени 65 години возраст под услови утврдени со овој закон. Ако подносителот на барањето за остварување на правото има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 години возраст, правото го остварува само едно од лицата.

Правото на социјална сигурност за старите лица  го остварува лицето ако:

  1. има државјанство на Република Северна Македонија;
  2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;
  3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
  4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и
  5. не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.

Овие услови се однесуваат и за неговиот брачен другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница.

Право на социјална сигурност за старите лица не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено подолго од 30 дена во  установа за вонсемејна социјална заштита, здравствена или друга установа.

Инаку, корисникот на правото на социјална сигурност е должен да ја пријави материјалната и имотната состојба за себе, за брачниот  другар или за лицето со кое живее во вонбрачна заедница, при поднесување на барањето и за време на користење на правото, да извести за промените  во текот на користењето на правото, а кои влијаат на остварување и користење на правото, во рок од 15 дена сметано од настанувањето на промената, до надлежниот центар за социјална работа.

Граѓанските организации бараат во Собранието итно да се стават на дневен ред законите  за социјална заштита и за заштита на децата

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В