/ Прочитано:

1.264

Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени

Владата одржа јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставните измени на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров” во Штип.

Јавната дискусија на ЈИЕ ја отвори ректорот на Универзитетот, проф. д-р Абдулменаф Беџети, а своите размислувања, предлози и сугестии со присутните студенти, професори и граѓани ги споделија и професорката и проректор за истражување и меѓународни односи на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Беса Арифи и професорот Блерим Река.

„Професорката Беса Арифи во своето обраќање изнесе конкретни предлози со кои може да се подобри текстот на нацрт-амандманите за кои рече дека се дел од еден долг и повеќедимензионален процес.

„Проблемот со името на државата не држи заложници и изолирани 27 години. Бевме први за евроинтеграција, останавме последни додека граѓаните на државата, уморни од ваквата реалност во која сме изолирани три децении, сè повеќе ја напуштаат земјата засекогаш и некаде во туѓина ја бараат перспективата што не можат да ја најдат во својата земја“, потенцираше професорката Арифи и рече дека Преспанскиот договор треба да се поздрави и силно да се поддржи бидејќи става крај на 27-годишното изолирање на земјата.

„Нема идеален устав, а уставите не се свети книги, секогаш може да се коригираат, но историските можности не треба да се испуштат. Сите овие години е изгубено многу време и енергија, конечно е време овој проблем што не држел во застој толку години еднаш засекогаш да се реши и да не претставува товар за следните генерации“, подвлече професорката Арифи.

Пред студентите, граѓаните и професорите кои присуствуваа на петтата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставните измени се обрати и професорот Блерим Река кој зборуваше за политичкиот процес и политичкиот контекст во регионална и глобална смисла и во тој правец наведе 4 фактори, од кои два надворешни и два внатрешни, кои влијаат на целиот процес“, се вели во соопштението на Владата.

„Судијката Цаца Николовска оцени дека нацрт-амандманите се клучен основ за понатамошно опстојување на Македонија и нејзино вклучување во меѓународните организации, особено на Европската Унија. Таа во своето обраќање изнесе неколку предлози кои се однесуваа на нацрт-амандманите, осврнувајќи се на важноста Договорот од Преспа да биде дел од Преамбулата.

Професорот Ѓорѓи Спасов подвлече дека јавната дискусија е прилика не само за подобрување на нацрт-амандманите, туку и за убедување на голем дел од јавноста за оправданоста од овој чин и докажување дека не се точни тврдењата дека Договорот е штетен и со него ќе исчезне македонската држава и македонскиот народ. Спасов додаде дека Македонија со промената на надворешната политика ги напушти националистичките позиции и ја врати самодовербата на нацијата со цел да се остварат посакуваните цели за перспективна Македонија“, се вели во соопштението на Владата во врска со јавната дискусија одржана во Штип.

Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН

Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

М.В