/Прочитано:

234

Во Собранието се одржа јавна расправа за Предлог-законот за нотаријатот

Во Собранието на Република Македонија министерката за правда, Рената Дескоска, учествуваше на „Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот“, организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Министерката за правда имаше воведно излагање, во кое даде образложение и објаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот.

„Намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред нотарите е главна цел на предложените измени на Законот за нотаријат“, потенцираше министерката за правда“, Рената Дескоска, според која станува збор за намалување на трошоците во постапките пред нотарите за најсиромашните граѓани кои не можат да си ги платат сметките за комунални трошоци и кои земаат мали потрошувачки кредити.

„За сметки за вода, смет, телефон и одржување на заеднички простории во висина до 6.000 денари нема да биде потребно учество на адвокати, како и за сметки за струја и парно до 15.000 денари. Со тоа ќе се исклучат и адвокатските трошоци за лицата кои имаат неплатени сметки до одреден износ. Обврската на плаќање на судска такса отпаѓа – тоа ќе биде дополнително олеснување на трошоците на граѓаните“, истакна министерката Дескоска.

Како дополнување на намалувањето на трошоците за горенаведената категорија на граѓани, една од клучните измени, според министерката Дескоска, е намалувањето на нотарската награда, која со предложените измени ќе биде 10%, но не повеќе од 500 денари, па така доколку долгот е 1.000 денари, надоместокот за нотар ќе биде 100 денари. Ако долгот е 10.000 денари, надоместокот нема да биде 1.000 денари, туку 500 денари.

Предложените законски измени може да се преземат на следниот линк.

Измените на законите за нотаријатот и за извршувањето пред  Комисијата за политички систем

Објаснување на измените на Законот за нотаријатот, кои се во собраниска процедура

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

М.В