/ Прочитано:

4.690

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Владата на РМ во Собранието ги поднесе предложените измени на законите за нотаријатот и за извршувањето. Со унапредувањето на функционирањето на нотаријатот во Република Македонија ќе се овозможат услови за успешна примена на законот во пракса, уедначена примена на законските одредби од страна сите нотари во Република Македонија, а истовремено ќе се влијае на зголемување на ефикасноста на постапките пред нотар.

„Причините за донесувањето на Предлог-законот за изменување и  дополнување на нотаријатот произлегуваат од неговата практична примена.

Со измените и дополнувањата на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување.

Со Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/16 и 142/16), се пропиша нова постапка за именување на нотари, се пропиша квалификационен нотарски испит, испит за рангирање за нотар, испит за заменик-нотар, испит за помошник-нотар, испит за нотарски стручен соработник и стручен испит за проверка на знаењата кои се спроведуваат по електронски пат и се пропиша постапка за именување на нотари која трае 30 дена во кој рок кандидатите треба да положат квалификационен нотарски испит, испит за рангирање и да приложат доказ за положен психолошки тест и тест на интегритет.

Ваквите одредби за процедурата за спроведување на конкурс за именување на нотари која е комплицирана и неспроведлива, и полагањето на испитите по електронски пат нема да придонесе за именување на постручни лица од кандидатите за нотари“, се вели во законското образложение.

Предложените законски измени на Законот за нотаријатот може да се преземат на следниот линк.

„Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поевтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот. Сите решенија преточени во одредбите на Предлог-законот се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат доверителите, должниците и извршителите во пракса, а во крајна линија стопанството и граѓаните во полесниот пристап до остварувањето на нивните права и интереси како клучен сегмент на владеењето на правото во правната држава. Воедно се надминуваат и отворените прашања кои произлегоа од укинувањето на дел од одредбите од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

Со Предлог-законот воедно се имплементираат стратешките приоритети на државата определени во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено во правец на намалување на трошоците за граѓаните во сите постапки, вклучувајќи ја и прекршочната“, се вели во законското образложение.

Законот ќе предизвика потреба од целосна ревизија на тарифата за награда и надоместок за работата на извршителите и ревизија и усвојување на следните 4 подзаконски акти:

1.Правилник за содржината на испитот, начинот на организирањето и полагањето на испитот за извршители.

2. Правилник за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и други акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на дејствијата со кој ќе се пропише формата и содржината на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки и другите акти кои ги изготвува извршителот.

3. Правилник за начинот на вршење на надзор над работата на Комората на извршители на Република Македонија.

4. Правилник за формата и содржината на софтверот на кој извршителите го водат Уписникот за примените барања за извршување и неговата форма, содржина и начин на водење.

Предложените законски измени може да се преземат на следниот линк.

М.В

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

АКРМ по повод Барањето за давање автентично толкување на членот 68 став 2 од Законот за нотаријат

Барање за автентично толкување на одредби во врска со нотарскиот платен налог и различната практика на нотарите за адвокатскиот печат

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

АКРМ одржа состаноци со големи компании доверители во врска со примената на ЗПП и законите за нотаријатот и за извршување 

АКРМ: Известување во врска со состанокот за Законот за нотаријатот

Адвокатите на средбата на „Јустинијан Први“ дискутираа за проблемите и побараа уважување на нивните барања

Во понеделник продолжува работниот состанок во Владата за законските измени за нотаријатот

ЗАЕВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ: „Во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во дел сигурно се во право и нотарите“

Реакциите на адвокатите се оправдани, вели претседателот на АКРМ 

Адвокатите бараат реформи на сите прописи кои ѝ штетат на адвокатурата, во спротивно највуваат штрајк

Активностите на Адвокатската комора во врска со Законот за нотаријатот

ТАНЧЕВСКИ: Целосно се избришани алтернативите дадени од АКРМ за измените на Законот за нотаријатот

Излагањето на претставникот на АКРМ на јавната дебата за предложените измени на Законот за нотаријатот и Законот за извршување

Јавна дебата за предложените законски измени за нотаријатот и извршувањето

 Коментар на предложените измени на Законот за нотаријатот од адвокатот Љупчо Кузмановски 

АКРМ: Уставниот суд уште еднаш ја потврди уставноста на задолжителното присуство на адвокат во постапката пред нотар

АКРМ: Адвокатите со свои коментари на „ЕНЕР“ да се вклучат во дискусијата за предложените измени на Законот за нотаријатот

Решение на Уставниот суд во врска со иницијативата поднесена од Нотарската комора за одредби од Законот за нотаријатот

„Предложените измени на Законот за нотаријатот се ширум отворена врата за надриписарство“ – Александар Танчевски, адвокат

Коментари на адвокати за измените на Законот за нотаријатот

АКРМ: Неприфатливо е нотарите да бидат супервизор на уставната категорија адвокатура, а вработените правници да бидат адвокати!

Адвокатската комора ги повикува адвокатите да дадат свои коментари на Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ КОИ СЕ ВО ФАЗА НА ПОДГОТОВКА

ИНТЕРВЈУ: Оливер Ристовски, заменик министер за правда, за реформите во правосудството

РЕШЕНИЕ НА УСТАВНИОТ СУД: Присуството на адвокат во постапката пред нотар обезбедува правна сигурност на граѓаните

ВО ПОДГОТОВКА СЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ: „Оставинската постапка е скапа и неефикасна“