/Прочитано:

508

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Денеска на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата  е утврдувањето на предлог-листа за именување на претседател и членови на Државната  комисија за спречување на корупцијата.

Вчера Собранието на РМ ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Покрај ранг-листата, Собранието го објави и записникот од спроведени интервјуа со кандидатите по огласот за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси се пропишува дека Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува до Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, која во рок од два дена најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието на Република Македонија во единствена предлог-листа за претседател и членови на Државната комисија, со образложение за секој од предложените кандидати.

Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија не ја утврди листата во утврдениот рок, Собранието расправа и гласа поединечно за секој од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно со ранг-листата составена од Комисијата за селекција.

Доколку Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.

Во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија се земаат предвид принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.

Кандидатите за претседател или член на Државната комисија кои сметаат дека во постапката за избор на претседател или член на Државната комисија се прекршени законските одредби имаат право на тужба до Управниот суд. Постапката пред Управниот суд е итна.

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

M.В